Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите.

Возачот на Ред Бул извозе доминантна трка и победи пред Шарл Леклер од Ферари со предност од 7 секунди, не препуштајќи го водството во ниту еден момент и покрај трите безбедносни автомобили. Но, при еден рестарт, тој го надмина задолжителното растојание од 10 должини на болид зад безбедносното возило и поради тоа беше под истрага по крајот на трката. Во меѓувреме од Ферари и Матиа Биното беше побарано тој да добие двојна казна бидејќи во два наврати го сторил истото.

По неколку часовна дискусија, стјуардите ја донесоа својата одлука и му доделија на Перез временска казна од 5 секунди, како и опомена со 2 казнени поени. И покрај додаденото време, редоследот по крајот на трката не се менува и Перез останува победник на Сингапурското Гранд При.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ