Перез е разочаран, објаснува и зошто

Серхио Перез објаснува дека проблемот да ги загрее доволно гумите за време на квалификациите придонело да ги заврши истите уште по првите 18 минути на Штаерското Гранд При.

Мексиканецот бил возбуден да предизвика за врвот по одличните петочни тренинг сесии за Рејсинг Поинт, но дождот му ги поремети плановите на квалификациите и се мачеше на опашката од поредокот, завршувајќи ја сесијата на очајно 17то место.

Тој појасни дека имал брзина да мине во К2, но температурата на гумите била главен проблем.

разочаран сум и тоа многу. имавме одличен викенд и одличен ритам на суво, но на дожд немавме никаков ритам. се мачев да ги загреам гумите, ми требаа 2-3 кругови за доволно топлина во нив и можност за добар круг, а тогаш дојде црвеното знаме и прекинот на сесијата. не можев ништо повеќе – вели чеко.

Тимот покажа брзина на суво во трка минатата недела, но Перез смета дека оваа недела ќе биде потешко поради стартот толку доле во поредокот.

ќе бидее тешко да се напредува и да се претекнува, но секако имаме добар болид способен за тоа и ќе дадеме се од себе. мислам дека и порано сме биле во ваква ситуација, така што ќе се снајдеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ