Перез жали за скапата грешка

Серхио Перез се надеваше на силен резултат од Емилија Ромања Гранд При трката по одличните квалификации и освоеното 2ро стартно место, но трката ја заврши по грешка која скапо го чинеше.

Мексиканецот го загуби своето стартно место откако неговиот колега одлично стартуваше и го превзема водството од Луис Хамилтон, така што Чеко “падна“ на 3то место. Зад безбедносното возило излета и загуби позиција од Шарл Леклер, а тоа што сакаше да си го поврати загубеното и претекнуваше зад безбедносно возило, го чинеше 10 секуди во место при промена на гуми.

Но, тоа не беше се затоа што на Вилнев шиканата по рестартот на трката се изврте и загуби куп позиции по што на крајот заврши на 12то место.

многу ми е жал за тимот затоа што едноставно не бев присутен денеска. условите беа тешки и се мачев да ги загреам моите гуми, а болидот беше многу тежок за возење.

дури и позади безбедносното возило излетав и се вратив, но бев казнет што значи дека загубив позиција на патека на која тешко се претекнува.

на крајот иако требаше да завршиме на подиум, направив скапи грешки кои многу ме чинеа – вели перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ