Перез задоволен што ги победил Рено

Серхио Перез ќе ја почне утрешната трка од 4то место, резултат со кој мексиканецот е задоволен затоа што ги победил ривалите од Рено.

Чеко беше силен во сите квалификациски сегменти и ќе стартува од полошата позиција во вториот ред, крај Валтери Ботас од Мерцедес.

условите беа голем предизвик денеска, ветерот беше доста силен на втората кривина така што минување во првиот сектор беше тешко. задоволен сум од мојот круг и не мислам дека можев многу подобро да бидам искрен.

да видиме како ќе биде утре, јас сум задоволен што ги победив болидите на рено затоа што се силни цел викенд. можеби подиум ќе биде многу тешко да се стигне, но се може да се случи на стартот затоа што правецот е многу долг. ако добро стартуваме и добро менаираме со гумите, може дасе бориме за одличен резултат утре – најави перез.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ