Перез и Латифи ќе стартуваат од боксот

Серхио Перез од Ред Бул и Николас Латифи од Вилијамс ќе го почнат Холандското Гранд При од боксот откако двата болиди мораа да направат промени кои се косат со парк ферме праилата.

Двајата имаа тешки квалификации вчера, мексиканецот имаше само 16то време и отпадна уште в К1, додека канаѓанецот имаше силен судар во послендиот квалификависки сегмент.

Во лошите квалификации на Перез Ред Бул видоа можност да променат мотор нешто за што само се чекаше шанса откако моторот на Чеко од трката за Големата награда на Унгарија остана неутребли. Ред Бул земаа нов мотор, нова батерија за складирање на електричната енергија и проади тоа тој ќе тргне од боксот.

Друштво во боксот ќе му прави Латифи чиј болид има нова спецификација на предно крило и нов нос, а промена на спецификаација носи почеток од бокс.

Со ова назадување се офајдува Јуки Тсунода кој ќе тргне од 14то место, Себастијан Фетел зад него, Кубица ќе стартува 16ти, а потоа тандемот на Хаас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ