Перез морал да го прилагоди својот стил на болидот

Мексиканецот од Ред Бул, Серхио Перез, признава дека треба да го прилагоди својот возачки стил на болидот на својата нова екипа.

Во Бахреин тој се мачеше на медиум гумите во квалификациите и не можеше да дојде до последниот квалификациски сегмент, но на трка беше одличен и стигна до 5то место откако болидот му изгасна за време на формацискиот круг и стртуваше од боксот.

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, откри дека мексиканецот губел од Макс Верстапен на квалификациите особено тоа било случај во првата кривина од патеката.

негативно е што губам доста време во првите две кривини, таму ветерот постојано се менува и не ми беше лесно да се привикнам на тоа. има и некои проблеми поврзани со наинот на кој јас го возам болидот и ќе морам да се прилагодам на тоа во иднина.

пред се морам да се осигураме дека го возам болдот на начин на кој болидот треба да се вози и ќе работам на тоа, но ќе ми биде потребно време затоа што овој болид бара поинаков стил од мојот – вели перез.

Сепак, возачот е задоволен што имал силна форма на трката обидувајќи се да го поврати загубеното.

тоа е многу позитивно, ритамот на трка беше силен, но има многу други работи кои треб да ги поправам. мислам дека во моментов се се средува и ќе станеме навистина силни штом се среди ритамот.

мојата трка никогаш не беше совршена, ми недостасуваа кругови да се привинам на болидот, но уживав во неговото подуправување и почнувам да се привикнувам, задоволен сум. задоволен сум со минатите километри, а последниот квалификациски сегмент ми го уништи напредокот.

штета што не ги максимизирав квалификациите, но работите почнаа да стануваат подобри со секој круг. најважно е да возам колку што можам повеќе километри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ