Перез на рехабилитација, го повредил вратот при сударот во Канада

Серхио Перез имше судар на квалификациите во Канада откако загуби контрола над болидот на лизгавата и дождлива патека, а тоа му донесе повреден врат во пресрет на Британското Гранд При.

Иако мексиканецот ја одработе трката, не бил свесен дека сударот му донел повреда на вратот и поради тоа во пресрет на следната трка еќ мора да рехабилитација.

почетокот на неделата е секогаш тежок по толку лоша трка, а јас го повредив вратот од сударот на квалификациите во сабота што тогаш и на трката не го почувствував. болеше, но ништо страшно.

секоја трка е различна, а во моментов се мачам со силни болки во вратот и не можам да вежбам и да се подготвувавм. ми прават терапија на вратот и се ќе биде целосно подготвено до силверстон.

секоја трка е различна затоа што телото секогаш е различно подготвено, понекогаш повеќе работите кардио вежби, понекогаш повеќе на сила и издржливост. секогаш се работи на различни работи, а кога има врзани трки се работи на враќање на свежината – објасни перез.

Мексиканецот се надева на многу подобар резултат на Силверстон откако во Монтреал ја заврши трката по само девет кругови поради технички проблем.

менувачот откажа, а беше на својата последна трка од животниот век, блиску до лимитот и не додржа до крајот. има работи кои тешко може да се спречат, дотолку повеќе на патека како канада каде има нерамнини, а проверивме во петок и немавме никаков проблем. за жал, вакви работи се случуваат.

важно е да се решат проблемите кои се секогаш различни за нас, секоја проблем е различен во текот на годината и мораме да продолжиме да работиме. во момент сме кога можеме да го тешиме шампонатот и нема сомнеж дека овие незавршени трки ќе бидат многу тешки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ