Перез: Немам поима зошто сум под истрага

Серхио Перез вели дека не разбира зошто се соочува со истрага од стјуардите за прекршок при безбедносното возило на трката за Големата Награда на Сингапур.

Возачот на Ред Бул го зграпчи водството во првиот свиок од Шарл Леклер и никогаш не го загуби за да заврши доминантно за неговата втора победа сезонава. Во трката прекината од повеќе безбедносни и виртуелни безбедносни автомобили, при вториот безбедносен автомобил, Перез беше ставен под истрага од стјуардите на ФИА за можно прекршување на правилата.

Мексиканецот се смета дека не се држел на 10 должини на болид во однос на безбедносното возило за време на едно од рестартирањето при безбедносното возило. За време на трката, ФИА објави дека инцидентот ќе биде истражен по трката, откако Перез ја освои победата со 7.595 секунди пред Леклер. Сослушувањето на Перез со стјуардите на ФИА ќе се одржи во 23.55 часот по локално време. Реагирајќи на истрагата на стјуардите по трката, Перез рече:

Немам поима што се случи, само ми рекоа дека сум под истрага, па морав да ја зголемам разликата за да бидам безбеден – откри чеко.

Размислувајќи за неговите перформанси, Перез оцени дека ја имал неговата најдобра трка во неговата Фирѕка 1 кариера, додека и тој и Леклер се погрижија борбата за титулата против Верстапен да продолжи до Јапонското Гранд При следниот викенд.

Сигурно мислам дека тоа беше мојот најдобар настап, ја контролирав трката, иако загревањето беше прилично тешко со гумите.

Последните неколку круга беа толку интензивни, навистина не го чувствував тоа толку многу во болидот, но кога излегов од него го почувствував. Дадов се за победа денес.

Мислам дека за Макс би било поубаво да ја добие титулата во Јапонија, би било многу посебно за Хонда, па се на се фантастичен ден.

Перез останува трет во поредокот за возачи во Ф1, приближувајќи се на два поени зад Леклер, додека има 106 поени заостанување од лидерот Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ