Перез: Немам причина да барам место надвор од Ред Бул

Серхио Перез смета дека има многу удобна позиција во Ред Бул и затоа нема причина да бара друго место за да остане во Формула 1 во 2022 година.

Мексиканецот беше одбран да го замени Алекс Албон за 2021 година, на почетокот со едногодишен договор, откако поранешниот тим Астон Мартин активираше клаузула за отказ во неговиот договор по потпишување со Себастијан Фетел.

По прва победа во Баку, што се случи по откажувањето на гумата на тимскиот колега Макс Верстапен и грешката на Луис Хамилтон, тоа му помогна на Перез да се најде на петтото место во поредокот на возачи.

Говорејќи пред Големата награда на Унгарија викендов, која претходи на четиринеделната летна пауза пред Големата награда на Белгија, Перез смета дека е во добра позиција да го задржи своето место. Тој додаде дека ќе има појасно разбирање за неговата иднина на Ред Бул на трката во Спа на 29 Август, а пред тоа нема причина да започне разговори со други тимови.

Очигледно, колку побрзо ја знаеш својата иднина, толку подобро, Но јас сум во многу пријатна позиција во тимот и во мојата иднина.

Нема за што да се грижам. Мислам дека од Белгија, ќе ја знам мојата иднина. Мене ми е убаво како стојат работите и нема причина да барам на друго место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ