Перез: Не заслужив поени

Како и неколкумина други возачи на гридот и Серхио Перез доста неочекувано се најде во поени со 9то место на Интерлагос, но мексиканецот признава дека не заслужил поени од Големата награда на Бразил.

Во најголем дел од трката тој не беше во никаква конкуренција за поени, но напредуваше во поредокот благодарение на откажувањето на Ботас, Фетел и Леклер како и безбедносните возила кои тие ги донесоа на патеката.

навистина не очекував да стигнам до поени, трката беше хаотична и требаше да се биде силен и истраен. ние не бевме доволно добри, ни недостасуваше брзина на правците, лесно не претекнуваа и не можевме доволно да притиснеме така да разочаран сум.

добивме два поени кои не ги заслуживме затоа што ни недостасува ритам и брзина цел викенд, но морам да сум задоволен со пласманот – изјави чеко.

Неговиот колега, Ленс Строл, исто така не возеше во поени, а се откажа на круг пред крајот откако откажа суспензијата на неговото предно десно тркало откако мина преку остатоци од болидите на Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ