Перез очекува силен Ред Бул во Америка

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, очекува тимот да биде доста силен на трката за Големата награда на Америка. 

Ред Бул не беа брзи на квалификациите и не победија на ниту една од последните трки во Италија, Русија и Турција. Разликата во поени помеѓу Мерцедес и Ред Бул порасна од 12 на 36 поени. 

Мексиканецот верува дека патеката во Америка ќе му одговара на нивниот болид РБ16Б.

Со нетрпение чекам да се вратам во болидот овој викенд. Мора да го максимизираме успехот од наша страна.

Мерцедес беа доста силни на последните трки  и не може да им конкурираме во однос на брзина, но верувам дека Остин и Мексико ќе бидат добри за нас.

Работиме заедно за да напредуваме до крајот на годината. Ова е важна трка за нас и за целиот тим. Очеувам подиум во Остин – најави перез.

Серхио учествуваше на демо најстан минатиот викенв во Далас за да се зголеми подршката. 

Живееме во безбедносен вакум до крајот на сезоната и не смееме да го изгубиме фокусот. Публиката во Далас е доста енергична и со нетрпение го очекувам искуството овој викенд. Ми недостасува публиката и атмосферата. Сакам одличен викенд во Остин и повторување на успехот од Турција. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ