Перез: Последната кривина ме чинеше пол позиција

Серхио Перез смета дека грешката од последната кривина на Имола го чинела пол позиција за Големата награда на Емилија Ромања.

Мексиканецот имаше тежок Петок откако уште на првата сесија имаше судар со Естебан Окон од Алпин. Денешните квалификации беа најдобри во неговта Формула 1 кариера во која до сега 3то место и втор ред му беше најдобар резултат. Овој пат беше само 35 илјадитинки од најбрзото време поставено од Луис Хамилтон.

Тој верува дека имал брзина и ритам за пол позиција, но грешката од последната кривина во последниот летечки круг го чинела многу.

требаше да бидам на пол позиција денеска, но направив грешка во последната кривина, но мислам дека се е многу позитивно. треба да се осигурам дека ќе продолжам да напредувам и тоа ќе биде важно утре – изјави чеко по квалификациите.

Серхио беше задоволен во однос на тоа како се вратил во игра по проблематичниот Петок и сударот со Окон, но призна дека е изненаден од тоа.

мора да кажам дека тимот направи фантастична работа. вчера направив грешка и им отворив дополнителна работа во текот на денот, но одлично ја завршија и ме вратија.

најважно е што продолжуваме. не очекував да бидам овдека, да бидам во првиот ред, но се подобрував и стигнав до 2то место на квалификациите.

Перез ќе ја почне трката на најмеката црвено означена компонента, со која ќе има теоретска предност во однос на Хаилтон и Верстапен кои во К3 минаа со жолтиот медиум и веројатно ќе бидат побавни по гаснење на црвените светла.

утре може се да се случи. јас сум на различна стратегија од луис и макс и ќе биде интересно да се виде што можам да направам. најважно е да стигнеме до силни поени и да се бориме до крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ