Перез пред летната пауза знаел дека ќе продолжи со Ред Бул

Серхио Перез знаел уште пред летната пауза дека иднината во Ред Бул што се однесува до следната година му е обезбедена.

Во Петок Ред Бул потврди дека Чеко ќе остане со тимот и следната година откако се договориле за едногодишно продолжување на соработката. Веста беше очекуана, а ова ќе биде прв пат од 2018 година Ред Бул да имаат исти тандем возачи две години по ред.

Мексиканецот победи на една трка и уште еднаш дојде до подиум како член на Ред Бул, а се чини дека ќе има клучна улога во обезбедување на конструкторскиот наслов за тимот кој нема титула од 2013 година.

отидов на летната пауза знаејќи што ќе правам следната година, но јасно е дека сите отидоа на одмор и поради тоа се одложија работите. потпишав нов договор во петок штом сите се вратија, но договоено беше одамна.

пред неколку трки хелмут и кристијан ми кажаа дека се среќни и задоволни од мене и дека сакаат да ме задржат и дека нема потреба да барам друго место. сакаа да продолжат со мене, а и јас со нив, така што се беше решено – откри перез.

Тој дополни и дека не разговарал со никого за место следната година затоа што на сите им ставил јасно до знаење каде ака да вози во 2022. Првиот дел од сезоната тој се мачеше со карактеристиките на РБ16Б болидот натимот, но како што одминува трките се повеќе се прилагодуваше, а новите правила од слената година се голема шанса за него.

следната година е голема шанса за сите и сите почнуваат од нула. не е тајна дека на моменти јас се мачам да извадам максиум од болидот, но ј имам големата слика пред себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ