Перез приземјен и покрај топ 3 времето

Серхио Перез, возачот на Форс Индија, смета дека екипата не смее многу да се занесува иако во Петок имаа најдобро време зад Мерцедес со 3то остварување на мексиканецот.

Тимот од Силверстон имаше силни зимски тестови и нетрпеливо чекаа да го покажат РП20 болидот кој падокот го наредкува “розевиот Мерцедес“ поради фактот што многу потсетува на ланскиот шампионски В10 болид од Бракли.

Денешното време на Перез беше 64 стотинки од тоа на Хамилтон, а Ленс Строл заостана дополнителни 14 стотинки на 7мо место. Помеѓу двата розеви болиди пласман имаа едноа Ферари, Рено и Мекларен. Чеко потврди дека не смее да си дозволат никакви грешки на квалификациите.

имавме добар ден и мислам дека разликите помеѓу екиите се мали, сите се блиску, но патеката е многу кратка. мислам дека утре ќе биде важно да одработиме се како што треба за да видиме навистина до каде сме. ако сите дадат максимум ќе биде одлично да се види што сме сработиле.

бевме добра половина секунда зад мерцедес, а на толку мала и кратка патека, ферари, ред бул и рено беа десетинка од нас така што не смееме многу да се возбудуваме. маргините се мали и се надевам дека утре на квалификации ќе склопам добар круг за добро стартно место – посакува перез.

Сепак, повеќе од јасно е дека тимот има скок во перформанси споредено со лани.

одиме чекор по чекор, но мислам дека сме далеку поблиску до врвните екипи одошто лани кога почнавме некако неподготвени, но сега сме целосно спремни за борба.

имаме одличен болид, а фабриката и екипата завршиле одлична работа во однос на пакетот кој за сега одлично работи.

треба да ги направиме горди со добар резултат викендов, но ни претстои многу работа и многу подобрување за да се осигураме дека ќе бидеме максимално подготвени за сабота и недела.

треба да видиме зголемување на температурата на асфалтот во сабота и недела и ни претстои многу интересен викенд со доста непознаници

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ