Перез размислува на повеќе опции, дури и на пензија

Серхио Перез размислува околу своите опции за иднината откако си заминува од Рејсинг Поинт на крајот на годинава, а мексиканецот ги разгледува сите сценарија, вклучувајќи и пензија од моторспортот.

Без разлика на можностите со Хаас или Алфа Ромео, мексиканецот истакна што тој би барал од една екипа доколку остане на гридот во 2021 година.

По 10 години во спортот, сакам предизвик кој ме мотивира да дадам 100 проценти во секој круг, секое утро да тренирам и да патувам околу светот. Тоа ми е потребно.

Ако не го најдам тоа, нема да останам во спортот. Можеби ќе земам пауза од една година, ќе видам кои се опциите потоа или пак ќе гледам кон други серии Или ќе се пензионирам. Секое од тие сценарија не е лошо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ