Перез свесен: Ризикувавме со новата филозофија

Серхио Перез смета дека новата филозофија на болидот за оваа тркачка сезона е многу добар чекор, но во исто време и многу голем ризик кој тимот го превзел. Тимот од Силверстон се обиде да го копира ланскиот дизајн на шампионскиот Мерцедес така што РП20 веднаш потсетува на ланскиот В10 пакет кој освои две титули.

новиот болид има некои сличности со стариот, но подобрен е во секоја насока. работевме напорно и добро напредуваме, но многу е рано и има многу работа во деновите кои се пред нас. толку драстична промена е тешка, начинот на кој болидот работи е различен, а тоа е голем ризик кој решивме да го превземеме – објасни мексиканецот.

Запрашан да го спореди својот овогодишен болид со ланскиот на Мерцедес, тој изјави:

се надевам дека ќе има перформанси како нивниот болид, но рано е. има многу работи кои треба да ги провериме и поради тоа работиме без престан, а најдобро е што имаме болид кој ќе биде многу сличен со оној кој ќе се појави во мелбурн, што е многу позитивно и поради тоа сме фокусирани на учење колку што може повеќе.

овој пакет дефинитивно има потенцијал и се надевам дека ќе почнеме силно од првата трка.

Тој демантираше дека одличните времиња на тимот биле со мало количество на гориво само колку да се биде на насловната стран за време на тестирањето.

на овие тестови времињата не се важни затоа што 10 килограми гориво се 3 десетинки. може да возите со 100 килограми гориво или со 5 килограми гориво тоа никој не може да го знае, така што времето не е важно, туку перформансите на целокупниот пакет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ