Перез се чувствувал многу глупаво што “закачил“ корона

Серхио Перез откри дека се чувствувал како “најглупав човек на планетата“ лани кога станал првиот Формула 1 возач со позитивен тест на корона вирусот.

Откако во пресрет на Британското Гранд При решил да се врати во Мексико и да ја посети својата мајка која била во болница, тој имаше позитивен тест ден пред тркачкиот викенд по што ја пропушти не само Големата награда на Британија туку и следното Јубилејно Гранд При кое се возеше на истата патека.

Осврнувајќи се на инатата сезона во која стигна до својата прва победа во кариерата, но и не му беше продолжен договорот со тимот, мексиканецот откри дека на моменти му било многу тешко.

дефинитивно ќе кажам дека имав многу тешка година. бев првиот кој беше позитивен на корона вирусот, а сега е многу понормално луѓето да го имаат вирусот, но тогаш не беше и се чувствував како најглупавиот човек на светот и ми беше многу тешко да се справам со тоа – откри чеко.

Тогаш стануваа се посилни и шпекулациите дека ќе биде заменет во тимот од четирикрантиот првак, германецот Себастијан Фетел во ребрендираниот фабрички Астон Мартин.

тоа беше клучно време во мојата кариера поради мојот договор. на крајот го загубив местото во тимот, но се испадна одлично, но тогаш не знаев дека че биде така.

бев релаксиран, бев свесен дека имав одлична кариера и бев задоволен од себе и постигнатото и сакав да дадам се што можам до крајот на сезоната и да се забавувам.

кога се отвори можност за во ред бул, некогаш бев блиску, некогаш далеку од тимот, но на крајот се испадна одлично. ваквите можности се укажуваат еднаш во животот, свесен сум и поради тоа ќе дадам се да ја искористам.

Иако веќе ги имал првите состаноци со тимот од Милтон Кинс и забрзано се запознава со се што е потребно, Серхио признава дека сеуште тешко му е да поверува дека ќе вози за таква екипа.

искрено сеуште не верувам дека сум во ред бул. кога ја ставив нивната маичка на мене и самиот се зачудив. никогаш не ги гледав како опција за мене затоа што не сум дел од нивната програма, а тоа се чини дека е клуно кај нив.

но, таков е животот и завршувате на места на кои не сте ни сонувале. соноте понекогаш станува реалност и ова е неверојатно. ми се допаѓа нивниот бренд навистина многу, се восхутувам на се што прават и коклава поддршка даваат во сите спортови.

нетрпелив сум да почнеме и да бидам успешен и да имаме одлична сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ