Перез смета дека квалификациите многу брзо ќе станат хаос

Мексиканецот Серхио Перез предвидува дека квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија многу брзо ќе станат проблематични поради гужвата која ќе се создаде.

Првата тренинг сесија во Петок не беше интересна, но втората донесе доста проблеми за возачите кои беа на летечки круг и одеднаш налетуваа на гужва од многу побавни болиди. Чеко беше еден од многуте возачи кои не можеа да постават добар летечки круг поради свежите софт и неможноста да добие чист круг без гужва пред себе.

Со оглед на тоа што патеката е многу брза, а кривините се минуаат под полна гас, приближувањето на болидите кои се во брз круг до оние кои се загреваат е со огромна разлика во брзина.

навистина патеката е убава и има одличен тек, уживање е да се вози и забавна е. ќе биде тешко на квалификациите поради гужвата, треба добро да се менаџира со тоа, затоа што нема да може да се постави добро време во спротивно.

видовме што се случи на сите што беа на софт на крајот, може да стане тешко, проблематичн и тоа може да се случи многу брзо – најави мексиканецот.

Но, според Перез, не е Сабота единствениот ден кој може да биде проблематичен судејчи по тоа како патеката ги казнува грешките од сударот на Шарл Леклер на крајот од втората сесија во Петок.

ќе биде многу, многу тешко да се има совршен круг, но мислам дека трката е долга и се може да случи. сигурен сум дека ќе биде интересно.

видовме што му се случи на шарл денеска, патеката е таква што ако погрешите, може мнгу да ве чини.

Возачот немаше претерано добар дена на Џеда Корниш и ги заврши првите две тренинг сесии во Петок на 11то односно 9то место во ситуација во која неговиот колега беше најпрво на 2ро место, потоа едно поназад. Тој смета дека гужвата му направила најголем проблем, но и најави дека ќе биде најдобар кога тоа ќе биде птребно.

мислам дека ќе има уште многу работи овој викенд и се надевам дека ќе најдеме вистински баланс за да бидеме силни во сабота.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ