Перез: Среќен сум што победи Макс

Серхио Перез призна дека е задоволен што завршил на подиум во Франција, а неговиот колега Верстапен победил на трката. 

Макс Верстапен и Луис Хамилтон водеа борба за врвот додека нивните колега Перез и Ботас имаа своја борба за подиум. Чеко беше супериорен со гумите и извозе долга серија на хард гуми и го престигна Ботас пред самиот крај. 

Имавме одлична трка и одлична стратегија. Среќен сум што Макс победи на трката и донесе поени за тимот.

екипата заврши одлична работа со стратегијата и среќни сме сите. Ова е одличен резултат за тимот кога треба.

Од моја страна не е викенд како што се надевав, но спеак работам напорно и сакам да имам одлични резултати. Два последователни подиуми и многу поени е тоа што ни треба пред домашната трка во Австрија. Не чекаат две трки на Спилберг и се надевам ќе се бориме за победа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ