Перез фрустриран по проблеми со гужвата

Серхио Перез остана фрустриран на крајот од слободните тренинзи откако наиде на проблеми околу патеката Алберт Парк.

Перез беше вознемирен од проблемите со премногу болиди на патеката што го спречија да постави конкурентни времиња на втората тренинг сесија. Возачот на Ред Бул беше еден од ретките возачи кои се обидоа да извозат кругови со меки гуми пред дождот на средината на Т2. Сепак, мексиканецот наиде на метеж во обидите за летечки круг, главно во брзите свиоци 11 и 12 во секторот два, што го натера да се повлече.

Првиот слободен тренинг во Мелбурн беше прекинат со црвено знаме поради проблем со ГПС, што ги спречи тимовите прецизно да ги пренесат информациите за болиди на патеката до своите возачи, а Перез вели дека истиот проблем сè уште постоел и во Т2.

Беше малку нереално, особено да се вози во Т2 – изјави Перез за медиумите.

Се чинеше дека многу луѓе сè уште имаат проблеми со ГПС податоците, така што беше само хаос. Не можев да извозам круг.

Перез е внимателен оптимист за темпото на Ред Бул на слободните тренинзи, но смета дека ќе оди во остатокот од викендот со недоволно информации поради нарушените тренинзи.

Направивме некои добри промени од Т1 што можев да ги почувствувам во секторот 1 и секторот 2, но не можев да извозам цел круг поради гужвата во секторот 3.

Бев малку изненаден од влажните услови што не можев добро да ја разберам патеката, но на суво беше одлично и болидот се чувствуваше добро.

Има многу да се направи во Т3, па мислам дека ќе бидеме малку слепи кога ќе влеземе во трката, што исто ќе биде интересно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ