Перез: Целиме на поени на секоја трка

Серхио Перез верува дека Рејсинг Поинт во моментов е во позиција да се бори за топ 10 пласман на секоја трка откако во последно време нивните перформанси имаат нагорен тренд.

Чеко беше во серија од осум трки без поени каде се мачеше да стигне до темпото на неговите конкуренти од средината на поредокот. Новините кои ги донесе тимот ги врати во борба за поени, така што во моментов мексиканецот е на 9то место во возачкиот поредок со 30 освоени поени на последните шест трки.

Врв во сезоната му беше пласманот како најдобар од останатите на домашното Мексиканско Гранд При, финиш зад трите најдобри екипи.

сеуште сум многу среќен со нашата трка во мексико минатиот викенд. да се заврши како најдобар од останатите реално е најмногу што можевме да постигневме и покажавме колку сме силни како екипа и напредокот кој го имаме со болидот дури и при крајот на сезоната. чувствувам дека можеме да се бориме за поени на сите трки до крајот на сезоната.

остин секогаш ја чувствувам како втора домашна трка поради бројот на мексиканци кои доаѓаат. годинава е чудно што ќе се вози по мексико, затоа што вообичаено е пред ерманос родригез. уживам во овие две врзани трки и за мене тие се врвот на сезоната. секогаш го гледам мексиканското знаме на трибините што многу ме мотивира – изјави перез.

Рејсинг Поинт во моментов се на 7мо место кај конструкторите со исто освоени поени како Торо Росо и само 9 зад фабричката екипа на Рено.

во период од сезоната сме каде секој поен е многу важен. по 6те поени кои ги освоивме во мексико се доближивме на само 9 поени од 6то место на рено.

болидот беше силен во мексико и ќе работиме напорно и ќе дадеме се од себе за да ја повториме таа брзина и во остин викендов – смета тимскиот шеф отмар шафнауер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ