Перез: Целта е иста, освојување на нови поени

Серхио Перез од Рејсинг Поинт е убеден дека неговиот тим е во силна позиција за освојување на поени викендов во Австрија.

Тимот очекуваше да бидат брзи годинава со нивниот нов болид, а таа теорија се покажа како вистинита на првата трка минатиот викенд. Иако Ленс Строл мораше да се откаже, како и по лошата стратегија и казна за Перез, тимот сепак имаше успешна трка.

Имавме добри тренинг сесии. Полека се запознаваме со болидот и досега е позитивно, разгледуваме каде може да се подобриме и да најдеме перформанси. Многу е блиску помеѓу врвните тимови, но покажавме со двата болида дека сме во позиција за поени, како и минатиот викенд. Очигледно има очекување за дожд, така што ќе видиме што ќе се случи во квалификациите.

Доколку дождот ја примора Формула 1 да ги откаже Т3 и квалификациите, резултатите од Т2 ќе го одлучат гридот за неделната трка, што значи дека Перез би стартувал од вториот ред на трето место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ