Пермејн: Формата на Астон ги изненади сите

Спортскиот шеф на Алпин, Алан Пермејн, призна дека формата на Астон Мартин ги изненадила сите во падокот.

Тимот од Силверстон и оној од Енстон многу често беа ривали на патеката последните години, а Отмар Шафнауер, сегашниот шеф на француската екипа, до крајот на 2021 година работеше како прв човек токму на Астон. На двете трки до сега, “зелените“ се оние кои се надмоќни со де трети место, додела врвен усех на Алпин беше 8то место.

Пермејн призна дека перформансите на А523 не се доволно добри, но посочи и дека екипата е поблиску до Ферари и Мерцедес одошто тоа беше случај минатата сезона.

не сме задоволни поради тоа што не сме онаму каде што сакавме во однос на ритамот, сакавме и очекувавме дека ќе бидеме побрзи и ќе се бориме со оние пред нас. мислам дека сме поблиску до ферари и до мерцедес одошто лани, но сеуште немам добра и темелна анализа, но секако дека лани ова време тие се бореа за победи.

очигледно дека најголем напредок има астон, а ние сме 5та најбрза екипа, а сакавме и целевме на повеќе. наша цел е да сме поблиску до 3то место, но тоа не е случај во моментов, веројатно мерцедес е 3та најбрза екипа. не сакавме да бидеме каде што во моментов се, астон не фати неподготвени со напредокот кој го направија годинава – посочи пермејн.

Спортскиот шеф е свесен дека ќе биде многу тешко за ривалите да го стигнат Ред Бул до крајот на годината, но останува убеден дека Алпин ќе го подобри својот пакет.

изгледа дека никој не се доближува до ред бул годинава, сите изгледаат секунда побавни од нив, искрено речено и тоа фрустрира. треба да продолжиме да работиме напорно и да носиме новин за зголемување на потисната сила.

донесовме многу новини годинава и имаме добра корелација во однос на она што го добиваме од воздушниот тунел и компјутерските симулации, така што можеме да останеме убедени дека деловите кои ги носиме ќе ни донесат перформанси и ќе се подобруваме побрзо одошто останатите.

Запрашан каде А523 заостанува во однос на конкуренцијата, тој појасни:

мислам дека секаде по малку. воачите сакааат подобро кочење и тракција, но нема некоја област на која особено се жалат. секаде по алку треба да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ