Персоналот на Алфа Ромео пред карантин

Во наредниот период, персоналот на Алфа Ромео ги чека тежок период поради тоа што треба да “одлежат“ карантин.

И покрај тоа што тимовите од Британија се исклучени од карантин, швајцарскиот тим Алфа Ромео мора да оди во задолжителна изолација по трката во Барселона. 

Треба да се вратиме во Швајцарија пред трката во Белгија и тоа значи изолација. Тоа е брутално за нас бидејќи Англиската влада направи исклучок за тимовите од Британија – изјави Бит Зендер, спортскиот шеф на тимот од хинвил.

Ситуацијата значи дека Алфа Ромео треба да преговара со властите во Швајцарија, за да добие можност да продолжи да работи и покрај тоа што доаѓаат од земји кои се потешко погодени од кризата.

Имаме вработени од осум кантони. Некои се опуштени некои не. Вработените од Цирих може да одат на работа во фабриката и веднаш да се вратат дома. На крај на ден може да организираме тим за домашно пазарење и да им испорачуваме на луѓето. Се надевам дека ова нема да се случи по трката во Италија. 

Зендер се надева дека ситуацијата ќе се подобри во 2021 година. 

Може да се надеваме дека наредната година ќе биде нормална. Не сакаме да се тркаме само во Европа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ