Песокот се враќа на Спа

Организаторите на трката за Големата награда на Белгија ги покажаа промените на патеката кои ги подготвуваат за новата сезона. 

Како дел од работата за зголемување на безбедноста со фокус на трките со мотори, патеката треба да добие ФИМ лиценца Ц за да биде домаќин на 24 часа Спа ЕВЦ Мотос оваа година. Белгиската патека, исто така, веќе долго време има амбиција да биде домаќин на МотоГП трка. 

Минатата година Спа беше домаќин на проблематична трка која заврши со само три круга зад безбедносно возило во тешки дождливи услови и возачите добија по половина од предвидените поени за пласманот. 

Но, годинава се работи на безбедносни подобрувања и поголеми песочни делови за излетување. Свиоците Ла Сорс, Лес Комбс, Малмеди, Брисел, Бланшимон, Бас Стоп и Поухон ќе добијат песочни делови за излетување. Делот за излетување на О Руж е проширен со доста асфалт и такво дел е додаден и на Раидилон. Има нова трибина на Раидилон која треба да биде завршена до април. 

Трката во Белгија ќе се одржи на 28 Август. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ