Петар Богатиновски пишува историја, шампион во ЦЕЗ, ќе учествува на светско во Бахреин

Младиот Петар Богатиновски со своите успеси во картинг првенствата се покажа како наша најголема идна ѕвезда во светскиот моторспорт, но тој сега и докажа дека е еден од најголемите таленти.

Богатиновски ја освои титулата во ЦЕЗ (Централно Европската Зона) настапувајќи во оваа серија оваа година, а воедно учествуваше и во ССК – спорт стил куп, каде исто така ја освои титулата. Со освојување на титулата во ЦЕЗ, тој обезбеди учество на светското големо финале во Бахреин, кое ќе се одржи од 11 – 18 Декември годинава.

Финалето во Бахреин ќе биде домаќин на сите шампиони од целиот свет, меѓу кои и Петар, а организаторите ќе доделат картингзи и мотори по пат на лотарија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ