Петто место не е крај на светот за Хамилтон

Иако не беше задоволен со својата петта позиција на Турското Гранд При, сепак Мартин Брандл смета дека разликата во поени меѓу Хамилтон и Верстапен не значи крај на светот. 

Хамилтон успеа да дојде до место на подиум, но поради лошата стратегија заврши на петта позиција. Како резултат на тоа, Верстапен сега води со шест поени предност. На шест трки до крајот, Брандл смета дека резултатот ќе биде одлучен на крајот на сезоната. 

Не е крај на светот. Очигледно беше блиску до трета позиција и имаше добар ден бидејќи стартуваше од 11то место, Но судбината се вмеша за момент. Исто му се случи на Ландо Норис во Сочи. Таква е сезоната и таа е неверојатна. 

Кристијан Хорнер сеуште се сомнева во легалноста на моторот на Мерцедес кој има голема разлика на правците во споредба со претходно за што Брандл смета дека треба да се погледне во Ред Бул. 

Ред Бул се загрижени за брзината на Мерцедес. Ботас беше одличен и му помага на Хамилтон за титулата, тука нема сомневање. Очекуваме одличен крај на сезоната со шест трки до крајот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ