Пет возачи кои, како Алонсо, не можеа без Ф1

Фернандо Алонсо ќе тестира Мекларен во Бахреин, вели дека нема намера да се враќа во Формула 1, но имаше и возачи пред него кои го кажаа истото, па се вратија …

Михаел Шумахер 2007-2009

На крајот на 2006 година како возач на Ферари се откажа од Формула 1 со 7 титули зад себе иако продолжи да тестира. Веројатно најсериозен тест му беше со Ф2007 во 2009 година по страшната повреда на Фелипе Маса, но одлучи да не се враќа на гридот како замена, туку како редовен возач на Мерцедес.

Мика Хакинен 2006

Неговата времена пауза се претвори во трајно повлекување од Формула 1, но двократниот првак се врати во Барселона во 2006 година на дводневен тест за Мекалрен. Возеше крај новиот возач таа година во тимот, Луис Хамилтон, но беше бавен и реши да остане надвор од Формула 1.

Жан Алеси 2002

Се повлече од Формула 1 во 2001 година, но остана дел од ДТМ програмата на Мерцедес откако во 1991 година беше во комбинација за член на Мекларен, но се реши за Ферари. Французинот остана во контакт со Рон Денис и учествуваше на тридневниот тест на Мишелин со Мекларе на Пол Рикар пред да се реши и дефинитивно да се посвети на ДТМ.

Најџел Мансел 1996

Ги изненади сите со повлекувањето од Мекларен во 1995 година, но следната сезона се врати во Барселона да тестира за тимот на Еди Џордан. Тоа не донесе ништо, иако во 2004 година повторно возеше Џордан на една демонстрација низ Лондон.

Алан Прост 1994-1995, 2012, 2014

Четирикратниот првак тестираше неколку пати за Мекларен. Пежо се обидоа да го вратат на гридот преку својата Формула 1 програма, но тој одби. Во 1995 година и 1996 година тестираше Мекларен МЕрцедес, додека во 2012 година и 2014 година возеше Ред Бул Рено како дел од Амбасадорската функција која му ја доделија французите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ