Пиастри изненаден од штетата по сударот со Гасли

Оскар Пиастри остана изненаден од инцидентот во првиот круг по кој го оштети предното крило и мораше рано по промена во боксот што му ја уништи трката.

Австралијанецот го оштети десниот дел од крилото при контакт со Алпин болидот на Пјер Гасли на излезот од 2та кривина, Уште полошо е тоа што неговиот колега од тимот, Ланд Норис, налета на остатоците од неговото предно крило и тој мораше рано во бокс.

Крајот на првиот круг беше моментот кога Пиастри мораше во боксот, а иако првично се чинеше дека Норис нема голема штета, тој влезе на крајот на следната обиколка така што возачите го завршија настанот на 15то односно 17то место.

не ја видов сеуште снимката и поради тоа не сум целосно сигурен што се случи. мислам дека беше вообичаен инцидент од првиот круг, контактот беше некако мал и поради тоа сум изненаден што имав толкава штета – објасни пиастри.

Андреа Стела, тимскиот шеф на Мекларен, појасни дека тимот машки ќе се носи со ваквата несреќна ситуација на втората трка од сезоната.

ја погледнавме забавената снимка, прво камерата од болидот на оскар, за да видиме дали можеме да научиме нешто од инциденто тза следниот пат. оскар беше претпазлив, тоа го воочивме од камерата кај гасли каде двајцата изгледа дека имаа контрола, но болидот на алпин излизга и го допре предното крило на оскар.

по ова, мислам дека контактот беше несреќна ситуација, а она што ландо налета од позадина брше уште поголема несреќа на стартот од трката. двата болиди мораа да го променат предното крило затоа што гѕбеа премногу потисна сила и немаше можност да продолжат така.

не ни помогна ни тоа што не се појави безбедносното возило, така што моравме да комплетираме цел круг до боксот. машко че ги поднесеме овуе работу, немс да се откажеме и одиме на следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ