Пиастри и Норис веруваат дека Монако ќе ги сокрие нивните слбости

Ландо Норис и Оскар Пиастри посочија дека се надеваат ќе имаат далеку подобра трка низ улиците на Монте Карло по разочарувачкото Гранд При во Мајами.

Во пресрет на сезоната во Мекларен беа свесни дека ги промашиле целите, така што имаат агресивен развоен план за да надоместат. Во Азербејџан донесоа низа новини, но истите не испорачаа во Мајами кога завршија на очаните 17то и 19то место со низа технички проблеми на трката.

искрено се надевам дека ќе имаме подобри перформанси одошто во мајами кога мислам дека високата температура ни направи проблем. монако треба повеќе да ни одговара, но мораме да поработиме на слабите страни – посочи оскар пиастри.

Оптимист за добар резултат во Кнежевството е и Ландо Норис кој смета дека недостатокот на долги прави ќе го направи болидот посилен.

не верувам дека ќе биде како во мојами иако патеката има некои слични карактеристики, но и некои сосема различни. бавни сме на правците и за среќа ги нема многу овдека, но не сме сјајни и низ кривините кои ги има многу овдека.

на оваа патека вообичаено сме добри во минатото, дури и кога не очекувавме добар резултат. минатата година бевме 5ти, претходно бевме дури и на подиум, така што веројатно ова место ни одговара.

донесовме новини во баку и кога велам новини велам делови кои не забрзаа десетинка, можеби и повеќе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ