Пиастри опоменат за погрешно вежбање стартови

Дебитантот на Мекларен, Оскар Пиастри, доби опомена за вежбање стартови на погрешно место на саботниот тренинг во Мелбурн.

Стјуардите сметаа дека тој не ги следел насоките од директорот за трка, Нилс Витич, во однос на дозволеното место за вежбање стартови по крјаот на слободниот тренинг во сабота.

Стјуардите објаснија дека Пиасти признал дека загул концентрација и се подготвувал да вежба старт, но тоа го направил круг прерано затоа што не го минал карираното знаме што го означувај крајот на сесијата.

Пиастри забавил значително, но многу брзо бил предупреден од тимот да го комплетира кругот пред да вежба стартови на главниот правец и поради тоа не завршил со целокупната процедура. Стјуардите потврдија дека возачот признал дека погрешил и дека тоа можело да донесе голема опасност на патеката.

Согласно правилата, ако некој возач добие три опомени за возачки прекршоци, добива казна од 10 позиции на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ