Пиастри се потсети на своето прво појавување во Алберт Парк

Оскар Пиастри се присети на своето прво доаѓање на Алберт Парк патеката во 2015 година кога имал само 13 години.

Младиот возач од Мелкарен во пресрет на својата трета трка, која патем ќе му биде домашна, сподели како се чувствувал кога прв пат се појавил на автодромот.

последен пат кога се тркав во австралија бев во картинг, мислам дека беше пред седум години, така што е убаво повторно да дојдам на домашна патека. бев тука и лани како резерва, а прв пат дојдов во 2015 година како дете од гридот и го носев знамето на даниил квјат. неговиот болид се расипа на патот до гридот и не успеав да го видам од блиску – се присети пиастри.

Во пресрет на домашната трка, тој е полн со верба во своите перформанси, но сака различна трка одошто онаа во Саудиска Арабија каде контактот од првиот круг уништија се.

мислам дека квалификациите ќе ми дадат голема самодоверба и на тоа сме насочени во моментов. не променивме многу работи од бахреин, но квалификациите на џеда беа многу поинакви, така што повторно целам на к3.

убаво беше што ја завршивме трката во недела, но првиот круг можевме да го одработиме поинаку и да останам надвор од проблеми, ќе беше поинаво, но остатокот од трката беше добра. убаво е што комплетирав цела трка затоа што собравме информации и ги увидовме проблемите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ