Пиастри учел од Верстапен во Монако

Младиот возач во Мекларен, Оскар Пиастри, откри дека учел како треба да се вози на мокро во Монако следејќи го Макс Верстапен. 

Тој ја заврши трката на 10та позиција зад својот колега Ландо Норис и донесоа двојни поени за тимот. За да дојде до таа позиција му помогнаа влажните услови на патеката од кои младиот возач е презадоволен бидејќи немал контакт со заштитната ограда.

Немав никаков контакт посебно на мазни гуми. Во еден момент бев блиску и си реков нема да се повтори. 

Пиастри смета дека трката во Монако била еден од нејтешките викенди до сега и додаде дека ги користел сините знамиња за Верстапен да го следи и да учи од него во влажни и лизгави услови. 

Доста беше корисно кога беше Макс пред мене, посебно бидејќи ми беше прв пат на мазни гуми на влажна патека. Тој одлично се снаоѓа во тие услови, но Мора да си доста претпазлив во такви услови.

На интермедиа гуми бевме блиску, но на суво беше побрз. Упспеав да се задржам зад него некое време и беше фино. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ