Пиеро Ферари најавува учество на Инди 500

Подпретседателот на Ферари и сопственик на 10 проценти од компанијата, Пиеро Ферари, најавува дека тимот од Маранело би можел да се појави на познатата американска трка Индијанополис 500 во иднина.

Тимскиот шеф Матиа Биното, од скоро призна дека постојано намалуваниот буџет во Формула 1, размислуваат и за други серии и ја разгледуваат ИндиКар како опција.

Ферари чувствува голема социјална одговорност кон своите вработени и сакаме да бидеме сигурни дека секој од нив ќе има работно место во иднина – изјави Биното.

Сега, Пиеро Ферари, единствениот жив син на основачот Енцо, тврди дека неговиот татко би ја одобрил идејата црвениот болид да нападне кон победа на Инди 500. 

Јас ја обожавам Инди 500 откако го видов Џиампаоло Далара и неговата прва победа таму. Ферари веќе учествуваше со Алберто Аскари во 1952 година. Зошто не и сега?

Во 1980-тите години имавме слични планови, но на крајот не ги реализиравме. Мислам дека татко ми би бил горд да го види Ферари на Индијанополс 500.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ