Пирели бараат трка за проба на новата алокација

Снабдувачот со гуми во Формула 1, Пирели, беа подготвени да ја пробаат новата алокација на гуми на Гранд При трката во Емилија Ромања, но истата беше откажана по што италијанците бараа настан на кој ќе ја спроведат пробата.

На Имола требаше да се спроведат мали промени односно да се посочи со кои гуми ќе се вози на одреден сегемтн од квалификациите што требаше да донесе поинтересни стратегии на трка. При суви квалификации најтврдите гуми ќе беа задолжителни за првиот сегмент, средните за вториот, а најмеката компонента за последниот. Вториот тест за ваквата промена закажан е за Унгарското Гранд При.

Доколку форматот се покаже успешен, треба да продолжи да се користи во иднина и тоа ќе им даде на Пирели можност да го намалат бројот на сетови гуми кои ги испорачуваат на секој Гранд При викенд за секоја екипа со што еќ се постигнат амбициозните цели за одржливост.

Од Пирели веќе најавија дека почнале да разговараат со Формула 1 и ФИА за дозвола да се изведе тестот на некоја следна трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ