Пирели знаат што ги очекува на Портимао

Формула 1 екипите се пред непознат терен претсојниот тркачки викенд затоа што Португалското Гранд При на Портимао се вози прв пат во историјата, но снабдувачот со гуми, Пирели, добро знаат што треба да направат.

Малку се оние кои имаат тестирано на автодромот на Алгарве, тестовите таму се одвиваа во 2009 година така што тие податоци се силно застарени за денешните болиди, така што симулаторот беше клучен за овој викенд.

Никој точно не знае што да оечкува во Петок наутро, но Пирели имаат искуство преку своето присуство во ГТ тркањето. Италијанците се одлучија за конзервативен избор на гуми со трите најтврди компоненти во својата гама.

иако формула 1 се нема тркано на патеката, ние имаме искуство преку гт трките и светската супербајк серија што ни дава добра претстава што да очекуваме. се работи за спектакуларна патека и мислиме дека возачите ќе ја обожаваат.

портимао бара многу од гумите и може да биде исклучително топло поради што ги донесовме трите најтврди компоненти од гамата. исто така ја прилагодивме и стандардната алокација за викендов така што возачите добиваат дополнителен сет на хард за сметка на софт – откри марио исола, шефот на пирели.

Дополнителен предизвик ќе биде и тестот на прототип гумите на Пирели за следната година кој ќе се одржи за време на вторите 90 минути во Петок.

на втората тренинг сесија возачите ќе ги пробаат следните 13-инчни гуми кои ќе се возат догодина и тоа првиот половина час од серијата. вообичаено тестот ќе биде “на слепо“ никој нема да знае со какви гуми вози.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ