Пирели најавува трка со две промени на гуми

Италијанците од Пирели објавија дека Бразилското Гранд При во Сао Паоло е најбрзо да се комплетира со две застанувања по нови гуми за време на вкупно 71 круг колку што ќе се вози.

Според нив, најбрзо е да се стартува на медиум и со него да се вози 17-23 кругови, а потоа да се доработи со два сета хард, каде промената би се направила од 42-47 круг од трката.

Пирели објави дека исто брзо би било и почеток на медиум и комплетирање 17-23 кругови со него, продолжена серија со хард која би траела 47-52 круг од трката и до крајот со нов сет медиум. Можно е последната серија да биде и со софт, но треба средната серија со хард да се продолжи уште некој круг.

Едно застанување исто така е можно и значи промена од медиум на хард од 27 до 32 круг од трката.

Image

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ