Пирели најавува трка со една промена на гуми

Италијанскиот доставувач со гуми во Формула 1, Пирели, најави трка со една промена на гуми низ улиците на Баку.

Како најбрза стратегија италијанците најавуваат стартување со жолто маркираниот медиум и возење 18-23 кругови со него пред да се промени на најтврдата гума.

Како алтернатива на тоа е старт со црвено маркиран софт и возење 14-20 кругови со него пред да се префрли на бело означениот хард.

Можно е тркање и со две промени на гуми и тоа 10-15 кругови на жолтиот медиум со кој би се стартувало, следните 25 кругови на хард и од 40от круг на софт за брз последен дел.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ