Пирели: Остин е непознаница за сите

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Исола, верува дека трката во Остин е голема непознаница за сите бидејќи патеката е променета од последен пат кога Формула 1 беше таму во 2019 година.

Минатата година трката беше откажана поради пандемијата и овој викенд Формула 1 конечно се враќа во лавниот град на Тексас. Од пред две години, поголемиот дел од патеката доби нов асфалт поради поплаките на возачите за тоа колку е нерамна патеката.

Исола верува дека тимовите и возачите допрва ќе дознаат како болидите ќе се справат на патеката.

Иако тимовите имаат доста искуство на Остин, сепак патеката е доста променета од 2019 година. Околу 40 проценти од патеката има нов асфалт и поради пандемијата не можевме да пратиме персонал да го провери тој за да видиме какви карактеристики има.

Пирели потврдија дека во Остин ќе одат со средните три компоненти од својата гама и тоа Ц2, Ц3 и Ц4. Според Исола, овој избор е базиран на информации од претходните посети на патеката.

Најчесто изборот го правиме според податоците од патеката и околностите. Борбата за титулата ќе се води до самиот крај и стратегијата е доста важна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ