Пирели очекуваат сите 10 екипи да тестираат за нив годинава

Единствениот снабдувач со гуми во Формула 1, италијански Пирели, очекува сите 10 екипи на гридот активно да учествуваат во тестовите кои ќе се одвиваат годинава.

Пирели воведува нови 18-инчни гуми за оваа тркачка сезона како дел од целосно новите Формула 1 правила кои се развиваа неколку години. Согласно актуелните правила, Пирели имаат 25 денови за тест  во текот на годинава со цел да ги подобрат своите гуми и да отстранат некакви слабости за во иднина.

Минатата година тестовите беа одработувани со посебно прилагодени болиди од 2019 година, адаптирани за да може да ги користат 18-инчните гуми. Но, Вилијамс не учествуваат на тестот поради тоа што не биле во можност да подготват таков болид.

се усогласивме со фиа околу бројот на деновите за тестирање кои ќе бидат вкупно 25 и тоа е добар компрмис кој верувам дека ќе ни даде одлична можност да го развиеме нашиот произод. јасно е дека кога имаме целосно нов производ како овие 18-инчни гуми ни треба колку што може повеќе тестирање, а лани имавме вкупно 28 денови.

лани вилијамс не успејаа да подготват посебен болид и тестираа само 9 од вкупно 10 екипи, но годинава ќе може да се користат актуелните болиди и сите екипи ќе имаат можност да помогнат во развојот на гумите. тоа е важно затоа што гумата секогаш мора да биде врвна за сите, не само за победниците. мораме да направиме гума која е добра за сите, а само преку тест можеме да го постигнеме тоа – посочи марио исола, шефот на пирели моторспорт.

Но, италијанецот е свесен дека со оглед на густиот календар од вкупно 23 трки годинава, ќе биде проблематично да се најде време за тестирање.

за да се одработат нашите денови за тест, се обидуаме да се прилагодиме колу што може повеќе и да ги користиме деновите по трките. одиме во барселона за трка, а потоа сотануваме таму уште два дена за тест, но мораме да се осигураме дека тоа не го правиме кај врзаните трки.

верувам дека имаме одличен компромис со бројот на тест денови кои ни се на располагање и дека е можеме да тестирме со сите десет екипи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ