Пирели очекува трка со едно застанување

Доставувачот на гуми Пирели очекува трка со едно застанување во бокс и смета дека хард гумата Ц3 ќе биде оптимална за последната серија. 

Пирели ги донесоа најмеките компоненти на новоасфалтираната Марина Беј. Според нив, има две стратегии, првата е премин од медиум на хард од 22 до 28 круг додека втората е од софт на хард од 18 до 24 круг. Ова е прва трка во Сингапур со новите 18 инчни гуми. 

Ова е целосно нова трка. Има 23 бавни свиоци и очекуваме ноќна акција низ улиците на Сингапур.

Ги донесовме најмеките гуми за најголема брзина и грип. Овие болиди имаат подуправување и потребен е баланс за да не пролизгуваат задните гуми – изјави марио Исола, шефот на пирели моторспорт.

Инаку, температурата на патеката е доста висока и условите се влажни што прават голем предизвик за возачите. Сепак се јавува можност за различна стратегија доколку се појави безбедносно возило. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ