Пирели се плашат дека ќе се повтори Катар

Шефот на Пирели, Марио Исола, признава дека е загрижен за новите агресивни тротоари на преправената патека во Абу Даби. 

Италијанската компанија се фокусираше на тротоарите по трката во Катар каде четири возачи имаа проблеми со гумите. Од истрагата се откри дека возачите преминувале често и агресивно преку тротоарите и поради тоа пукале гумите. Исола потенцираше дека на излезите од двата нови свиока има слични тротоари. 

Тие се слични на Катар, но не се исти. Посебно се агресивни на свиокот број 5 и број 9, Тие се најагресивни. Од кривината број 1 до кривината број 4 се исти како и лани додека има различни на 12, 13, 14, 15 . На излезот од 16 е исто како и лани.

Возачите нема да возат преку нив на влезот во свиоците и затоа сум загрижен за излезот од истите. Видовме на тренинзите дека ги преминуваат на излезот од 9от свиок со голема брзина. Сигурен сум дека на квалификациите ќе ги користат тротоарите, а можеби и на трките. Мора да го размислиме тоа. Имаме различна ситуација споредено со Катар, различна брзина и време на поминување преку свиоците, но мора да внимаваме – посочи шефот на пирели. 

По тренинзите, Пирели ги проверуваа гумите за евентуални оштетувања. 

Проблемот е што немаме гуми со поминати многу кругови за да споредиме. Ќе ги засилиме проверките, но не може да предвидиме што ќе се случи. Искрено не сум експерт дали може да се заменат или што да се прави со нив и не знам дали ФИА може да направи нешто. Затоа мислам дека е добро да дискутираме и да видиме што ќе најдеме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ