Пирели тестирале 30 прототипови на гуми за следната година

Од Пирели изјавија дека тестирале 30 прототипови на гуми за 2022 година, подготвувајќи се за промена на 18 инчни тркала од наредната сезона. 

Пирели доби 28 дена тестирање во текот на 2021 година и последниот тест го завршија со Даниил Квјат во Алпин. Италијанската компанија има договор со Формула 1 за снабдување со гуми до 2024 година и наредната година треба да им обезбеди 18 инчни гуми. 

Од Пирели изјавија дека виртуелно тестирале 70 прототипови додека 30 тестирале на патеката. Според правилата, тие ќе хомологираат 5 компоненти за суво и на секоја трка ќе нудат по три компоненти. 

Минатата година, поради пандемијата, мораше да ја ревидираме целата тест програма и делумно мораше да се откажеме од тестирање на патеката и симулиравме виртуелен тест. Системот ни помогна да оптимизираме колку прототипови ќе возиме на патеката.

Стартот на развојот го започновма со основна конструкција пред да хомологираме пет компоненти. Резултатите од тестот ги споредивме со информациите од возачите кои се важни за нас.

Наредната година ќе имаме повеќе денови за тест за да ги подесиме гумите според новите болиди. 

Последната спецификација ќе треба да биде потврдена од ФИА на постсезонскиот тест во Абу Даби во Декември. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ