Пирели: Тротоарите се виновни за пукнатите гуми во Катар

Пирели ја затворија истрагата за пукањето на гумите на Катарското Гранд При и виновникот го најдоа во високите тротоари. 

На Лосаил пукнаа гумите на Валтери Ботас од Мерцедес, Ландо Норис од Мекларен, Џорџ Расел од Вилијсм и Николас Латифи од истата екипа и кај сите беше проблем предната лева гума. 

Според истрагата, проблемот е тоа колку време овие гуми се возени врз тротоарите со голема брзина и различни вертикални оптоварувања и таквата ситуација е уникатна за патеката Лосаил. Гумите претрпуваа оштетувања и не бевме во можност да измериме од податоците пред трката за тоа колку е оштетена гумата и внатрешниот ѕид – откри марио исола, шефот на пирели моторспорт.

Италијанците отфрлија било какви грешки во производството и ги споделија деталите од истрагата со тимовите и ФИА. Од компанијата знаат дека патеката многу ги оптоварува предните леви гуми, но сепак немале доволно податоци од тренингот и квалификациите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ