Пирели ќе донесе нови гуми за дожд од Имола

Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, потврди дека од Гранд При трката на Емилија Ромања ќе има нови сино маркирани гуми за дожд со подобрени карактеристики.

Пирели работат на нова конструкција на пневматиците, фокусирани се на нивно загревање без користење на таканаречените греачи-ќебиња откако беа цел на критики од страна на возачите во минатото. Новите гуми за дожд неколку пати беа тестирани годинава и лани за д асе подобрат нивните својства и карактеристики, а новиот производ ќе може да се вози од трката која следува.

Сините гуми уште веднаш ќе може да се искористат без при тоа да бидат вештачки загревани пред да се возат. Спортот сеуште размислува за отстранување на греачите за следната година, правилото е донесено, но постои доза на претпазливост.

нова компонента за целосно мокра патека ќе биде донесена на имола која нема да има потреба да се загрева со греачи пред да се користи. тестовите покажаа дека таа има уште подобри перформанси од претходната и покрај тоа што не се загрева.

резултатите од нашите истражувања се дека ова е голем чекор во вистинска насока и само прв потег во целосно отстранување на ќебињата – посочи марио исола, шефот на пирели моторспорт.

Годинава сеуште не сме имале дождливи трки, а последните две изданија на Емилија Ромања Гранд При трката беа во дождливи услови. Прогнозите за овогодинешниот настан се исто така со променливо време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ