Пиро: Не смее да има револуција во Ферари

Поранешниот Формула 1 возач, Емануел Пиро, смета дека новиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, не треба да прави револуција во екипата.

Лани славниот италијански бренд беше подготвен за титула и нападна силно од почетокот на сезоната, но загубија здив во трката по развој и ги загубија двете титули од Ред Бул. На крајот на сезоната, шефовите на Скудерија го отпуштија шефот Матиа Биното и на негово место дојде Фредерик Васур.

лани не беше добро за ферари како што можеше да биде. имаа проблем со технологијата и менаџирањето на тимот, така шро верувам дека фредерик васур ќе донесе позитивност со цел да се подобри човечкиот фактор во тимот – изјави пиро за Corriere dello Sport.

Сепак, тој инсистира дека французинот нема потреба да менува премногу и да право револуција во екипата.

револуција во тимот не би било добро, туку тој само треба да биде шефот кој ќе ги подобри сите аспекти од тимот, ќе ги потенцира позитивните страни и ќе ги насочи кон титула.

Дополнителен проблем, смета возачот, е фактот што тимот нема возач број еден.

во ред бул се јасно поделени улогите помеѓу макс верстаен и серхио перез, макс е посилнио и е прв возач. но, кога имате еднакви возачи како хамилтон и расел во мерцеде сили леклер и саинз во ферари, тимскиот шеф треба да онесе одлука која не е лесна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ