Плановите за Данско Гранд При “паднаа во вода“

Плановите за одржување на Формула 1 трка во Данска се одложени, иако ФИА додели одобрување за улична трка во Копенхаген.

Единствениот претставник од Данска на гридот и само 5ти возач од оваа држава кој учествувал во спортот, Кевин Магнусен, има голем број на фанови, во најголем дел поради неговиот директен пристап кон тркањето. Во 2019 година, по силна сезона во 2018 за Магнусен, беа поднесени планови до ФИА за улична трка во Копенхаген. Во исто време, Зандворт планираше враќање во спортот.

Копенхаген успеа да добие место на календарот, но тој датум на крај му припадна на Зандворт. Сега, данскиот министер за економија, Симон Колеруп, откри дека се откажуваат од комплицираниот и ризичен проект, кој ќе беше прв во Скандинавија по Шведското Гранд При во 1978 година.

Тоа е комплициран и ризичен проект кој ќе бара голема подршка од повеќе страни, меѓу кои и од политичката сцена. Проектот не е приоритет за владата во моментов, но ја разбирам кампањата на Формула 1 насочена кон екологијата во последните години и би сакал да слушнам повеќе околу тоа, подоцна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ