Пневматици и Тркала

Спортска Регулатива

Пирели ги снабдува тимовите со 7 спецификации за сува површина, означени со различна боја на надворешната страна: хиперсофт (розева), ултрасофт (виолетова), суперсофт (црвена), софт (жолта), медиум (бела), хард (сина) и суперхард (портокалова).

  1. На секоја трка тимовите имаат право на 3 компоненти од овие 7 спецификации
  2. Во еден тркачки викенд за секој болид се обезбедени 13 сета на пневматици за сува површина, 4 сета интермедиа и 3 сета на пневматици за влажна површина
  3. Не помалку од 9 недели пред стартот на секоја трка во Европа и 15 недели пред трка надвор од Европа, Пирели во договор со ФИА ги информира тимовите за трите компоненти кои можат да се користат на таа трка.
  4. Пирели номинираат 2 задолжителни сета за секој болид за трката и 1 дополнителен сет од најмеката компонента кој може да се користи само во К3, но тимовите имаат слобода да ги изберат останатите 10 сета.
  5. Изборот на тимовите варира зависно од нивните болиди, секој возач во еден тим може да избере поинаква компонента.
  6. Тимовите мора да ја информираат ФИА околу нивниот избор не помалку од 8 недели пред стартот на секоја европска трка и 14 недели пред стартот на трка надвор од Европа, што значи дека тие всушност имаат само 1 недела во која треба да ги изберат компонентите.
  7. Доколку една екипа не го направи изборот во дадениот рок, изборот е во рацете на ФИА за таа екипа.
  8. Изборот за секој болид се држи во тајност до 2 недели пред трката.

Во текот на еден викенд тимовите мора да вратат пневматици според одреден распоред, но останува до нив кои пневматици ќе ги вратат според следниот распоред:

  1. 1 сет по првите 40 минути од Т1
  2. 1 сет на крајот на Т1
  3. 2 сета на крајот на Т2
  4. 2 сета на крајот на Т3

Во случај Т1 и Т2 да се одржат во мокри услови или ако се откажат, тие сетови може да се задржат од страна на тимот, но мора да се вратат пред почетокот на квалификациите.

Двата задолжителни сета номинирани од Пирели не смее да се вратат за време на тренинг сесиите и мора да бидат достапни за користење во трка:

  1. Освен доколку интермедиа и пневматици за мокра површина се користат во трка, сите возачи мора да искористат 2 различни спецификации на пневматици за сува површина, најмалку 1 сет од задолжителните 2 номинирани сета од Пирели, а останува до екипата да одлучи кој од тие 2.
  2. Возачите кои ќе успеат да влезат во К3 или топ 10, мора да го вратат сетот од помеката компонента номинирана за К3 и да ја започнат трката со пневматиците со кои го поставиле најбрзиот круг во К2. Сите други возачи го користат сетот кој е сочуван за трката.
  3. Тимовите имаат слобода да ги користат пневматиците за мокра површина кога сакаат за време на квалификациите и трката. Сепак, во тренинг сесиите истите може да се користат само доколку Директорот за Трка означи дека патеката е мокра.
  4. Доколку трката започне позади безбедносното возило поради големи врнежи на дожд, употребата на пневматици за мокра патека е задолжителна.
  5. Сите пневматици добиваат бар код на почетокот на тркачкиот викенд, така што ФИА може да врши мониторинг на нивната употреба со цел да не дојде до прекршување на правилата од една екипа.
  6. Секој возач кој ќе употреби сет на пневматици со различна спецификација за време на трката, не смее да помине повеќе од 3 кругови со тој сет пред да го промени со сет од идентична компонента. Казна ќе биде доделена на секој возач кој нема да ги промени пневматиците во ваква ситуација.

Техничка Регулатива

  1.  Формула 1 болидите мора да имаат четири откриени тркала, сите произведени од ист метал, односно една од 2 дозволени мешавини од магнезиум определени од страна на ФИА.
  2. Предните тркала мора да бидат со ширина помеѓу 370 и 385 милиметри, додека задните помеѓу 455 и 470 милиметри.
  3. Со наместени пневматици, тркалата не смеат да бидат повеќе од 670 милиметри во дијаметар (680 за мокри пневматици). Мерката се зема кога пневматикот е исполнет со воздух од 1.4 бара.
  4. Пневматиците мора да се исполнети со воздух или нитроген.
  5. На тимовите не им е дозволено никакво модифицирање на пневматиците, ниту пак им е дозволено да ги премазуваат со било какви средства за омекнување.
  6. Покривачи за пневматиците се дозволени, но тие смеат да ја покријат само надворешната површина.
  7. Тркалата смета да бидат прикачени на болидот само со 1 шраф.
  8. Воздушниот пиштол кој се користи за менување на пневматиците може да биде придвижуван само од компресиран воздух или нитроген.
  9. Сите сензори може да функционираат само на пасивен начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ