Победничкиот Лотус на Џим Кларк на аукција

Фановите на Џим Кларк и колекционерите на ретки автомобии може да бидат задоволни затоа то вредно моторспорт парче од историјата во вид на последниот победнички болид на Џим Кларк ќе се појави на аукција.

Германскиот дилер со класични автомобили, Chrome Cars, е сопственик на реставрираниот Лотус 49 шасија Р4, болидот со кој Кларк стигна до својата 25та и последна Гранд При победа во Кијалами во Јужна Африка на првиот ден од Јануари 1968 година. Потоа овој болид задвижуван од Косворт мотор беше продаденод страна на Колин Чепм на Роб Вокер кој возеше со приватен тим.

Возачот на Вокер, Џо Сиферт, го оштети болидот на Трката на шампионите во Бренд Хеч, а следуваше пожат во фабриката на Вокер кој речиси целосно ја уништи предметната Р4 шасија. Следуваше период кае остатоците од Лотус менуваше сопствеништво пред да стигне во рацете на експертите за Гранд При возила Хол и Хол коиго реставрираа болидот и го вратијаво првобитната состојба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ