Повеќе африкански земји сакаат Ф1 трка

Според тврдењето на Стефано Доменикали, повеќе африкански држави сакаат да организираат Гранд При трка во иднина.

Формула 1 не возела во Африка речиси три децении и во моментов има три патеки каде би можело да се организира трка и тоа Кјалами и Принц Џорџ во Јужна Африка и Казабланка во Мароко. 

Јужна Африка е една од 14те земји кои имаат Формула 1 шампион и тоа Џоди Шектер во 1979 година. 

Имаме интерес од Кјалами да се врати на календарот. Секако дискутиравме со нив дали се подготвени и тие разговори сеуште траат. Имаме барања и од други африкански земји, но тоа е сеуште доверливо. 

Не е целосно јасно за кои држави се зборува, но во скоро време Мароко организира Формула Е трки. Кјалами беше надградена пред неколку години и можно е нејзино враќање на календарот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ